4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зошто Палмер не се сретна со Мицкоски? – Американскиот дипломат ја откри единствената причина за овој потег

Веќе познатите ставови на Христијан Мицкоски се причина за да нема средба меѓу Заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер и лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Палмер на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не осстварил средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бидејќи неговите ставови му биле познати од писмото што неодамна му беше испратено. Тој рече дека при секоја посета има определено време и треба да се направи избор како да го искористи.

„Мицкоски испрати писмо каде ги изразува ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што не остварив никаква средба со него не носи никаква порака“, рече Палмер.

Палмер во своето излагање во Владата, рече дека исто така кажа дека САД ја поддржуваат преспанската спогодба и се задоволни од гласањето за уставни измени во петокот.

„Тоа е глас за иднината, ќе одржуваме контакт со Владата и со сите пратеници кои гласаа за спогодбата“ , дециден е Палмер.

Високиот гостин од САД додаде и дека со премиерот разговарале за низа прашања поврзани со преспанската спогодба, процесот, интеграциите во ЕУ и НАТО и јакнењето на односите. Тој ја повтори поддршката од САД за Македонија.

Палмер пред средбата со Заев оствари средби со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, како и со лидерите на политичките партии од албанскиот блок во земјава.

Американскиот функционер не оствари средба ниту со претседателот Ѓорге Иванов, кој во јавноста се произнесе дека не го поддржува Преспанскиот договор.