12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.Mk/Ј.С.
СВЕТ

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување на сила на преспанскиот договор. Ова го изјави портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, за грчкото радио „Реал фм“.

Ѕанакопулос зборуваше и за изгледите за гласањето на договорот во грчкиот парламент. Рече дека по финализирање на уставните измени во македонското собрание, во грчкиот парламент ќе се расправа за договорот и очекува тој да биде ратификуван со потребното мнозинство.

Портпаролот на грчката влада ги отфрли сценаријата за предвремени парламентарни избори во Грција во мај.

Спонзорирано: