4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
СВЕТ

Во судир помеѓу два автобуси во Пакистан загинаа 19 луѓе

Најмалку 19 лица, вклучувајќи и деца, загинаа, а 35 беа повредени во судир меѓу два автобуси во провинцијата Пенџаб, на истокот од Пакистан.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила на мостот во близина на местото, Дера Гази Кан.

Се стравува дека бројот на жртвите може да расте и понатаму, бидејќи многумина од повредените се во критична здравствена состојба, објави АП.

Како што е наведено, двата автобуса се движеле со голема брзина за време на судирот.