13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Удар врз неистомислениците: Партијата на Мицкоски ги разреши овие луѓе

Како што објави Centar.mk, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев е разрешен од сите функции во ВМРО ДПМНЕ.

Но, според најновите извештаи разрешен е и членот на извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите.

Сето ова доаѓа по нивните јавно искажани ставови дека ги поддржуваат уставните измени, со цел интегрирање на земјата кон ЕУ и НАТО. Според информациите, токму тоа е причината за нивно исклучување, но официјална потврда се уште нема.

Претходно беа исклучени пратениците кои гласаа ЗА, како и Петар Богојевски од реформаторското крило кој беше исклучен уште првиот ден по референдумот.

Спонзорирано: