7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Цената на нафтата втора недела по ред е во опаѓање

На светскиот пазар цената на нафтата и оваа недела е во опаѓање, што би значело дека втора недела по ред бечежи пад, а тоа се должи на зголемувањето на резервите во Соединетите Американски Држави (САД) и забавување на растот на кинеската економија, која може да предизвика намалување на побарувачката за енергија.

На пазарот во Лондон цената на барелите оваа недела падна 0,9 отсто, на 79,78 долари, а цената на еден барел падна 3,1 отсто, или на 69,12 долари на американскиот пазар.

Падот на цената на нафтата втора недела по ред е резултат на индикациите за забавување на растот во најголемите светски економии, кои може да доведат до слабеење на побарувачката за црното злато.

Во третиот квартал од годината домашниот бруто-производ на Кина (БДП) се зголеми 6,5 проценти во однос на истиот период од минатата година, што е најмал раст на втората по големина светска економија од 2009 година.

Овие податоци предизвикаа загриженост дека трговската војна меѓу САД и Кина почнува да го намалува растот.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), поради воведувањето на царините и затегнувањето на финансиските услови во светот, ги намали процените за раст на светската економија оваа година од 3,9 отсто на 3,7 проценти.

ММФ ги намали процените за раст на САД, Кина и на Европа за оваа и следната година и поради тоа би можело да ослаби побарувачката за нафта и други енергетски производи.

Спонзорирано: