13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешки обвинувања: Вечерва Русија се огласи во врска со настаните во Македонија и гласањето во парламетот

Руското министерство за надворешни работи го критикуваше почетокот на процедурите за уставни промени во македонското Собрание, со оценка дека неопходното мнозинство било обезбедено со купување на пратениците од опозицијата.

Министерството наведе дека гласањето за почеток на процедурите за промена на името претставува отворено кршење на сите норми, како законски, така и морални.

„Пратениците биле заклучувани во канцелариите, одземени им биле мобилните телефони, очигледно во духот на европската демократска пракса. Вреди да се забалежи дека амбасадорот на САД бил во зградата на парламентот до крајот на седницата, што не остава сомнеж кој раководел со процесот“, се наведува во соопштението на руското МНР.

Министерството додава дека таквите валкани манипулации не можат да се сметаат за остварување на волјата на пратениците, пришто било грубо игнорирано мислењето на две-третини Македонци кои на референдумот одбиле да го поддржат договорот од Преспа.

Решението на спорот помеѓу Атина и Скопје треба да биде правно засновано на широката поддршка од народот и без поделба на општеството, смета руското министерство.

Спонзорирано: