15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тешка ноќ за ВМРО ДПМНЕ: Вечерва e најавениот Централен комитет, каде е Никола Груевски во целата приказна?

Вечерва во ВМРО ДПМНЕ ќе се оддржи Централниот комитет, каде што ќе бидат креирани новите позиции на партијата по најновите случувања поради кои што опозициската партија изгуби најмалку 7 пратеници.

Според информациите раководството треба да ги слушне ставовите на општинските комитети, каде што врие од незадоволство поради неконзистентните политики на највисоките функционери во партијата.

Партијата ќе гради стратегија за натамошното делување во Собранието, особено сега кога власта има мнозинство за промена на уставот со цел интегрирање на Преспанскиот договор.

Сето ова се случува за време на многу шпекулации кои од синоќа кружат во јавноста.

Едните шпекулации велат дека актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ сака да расчисти со Сашо Мијалков и да го исклучи од партијата, другите шпекулации пак се дека добар процент од раководството ќе побара разрешување на Христијан Мицкоски и вонреден конгрес на ВМРО ДПМНЕ.

Мијалков пак преку медиумите повика на единство и отфрли било каква вмешаност во актуелните случувања.

„Отфрлам било какви шпекулации за мое влијание врз претседателот на партијата, органите на партијата, пратениците или која било друга организациска структура во нејзин состав.
Во таа насока, сметам дека во овој момент, во интерес на сериозните предизвици со кои се соочува нашата партија, е потребно единство како никогаш до сега. Најмалку потребно во овие моменти е создавање поделби кои ќе имаат за цел да го ослабат ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти Сашо Мијалков во изјава за медиумите.

Како што претходно објави Centar.mk во ВМРО ДПМНЕ врие, откако со свои ставови излегоа високи функционери на социјалните мрежи, од кои едните му дадоа поддршка на Мицкоски, додека други бараат темелни реформи во партијата.

Засега нема информации кој е ставот на некогашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во моментов ја има почесната претседателска титула во партијата.

Спонзорирано: