17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени и изолирани

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се поразени и изолирани, Македонија се обединува околу иднината во ЕУ и НАТО, реагира СДСМ по прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Мнозинството граѓани и мнозинството пратеници одбраа иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ одбраа да останат во темното минато на изолација, криминал и поделби.
Колку и да е неприфатливо за антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Македонија се помирува, се обединува околу стратешките интереси и незапирливо чекори кон интеграција во ЕУ и НАТО“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Спонзорирано: