13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: илустрација
ЛОКАЛНО

Поради државниот празник 23 Октомври, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред

Од ЈСП „Скопје“ информираат дека поради државниот празник 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Истовремено, од ЈСП информираат дека од среда (24. 10. 2018 година) до недела (28. 10. 2018 година), во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени и две привремени линии што ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“.

„Станува збор за линиите ‘100’ и ‘200’, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. И двете линии се воведуваат по барање на ‘Скопски саем“ за полесен пристап на посетителите на саемите ‘Технома’, Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции ‘Реалекспо’. Возниот ред на автобусот со број 100 е следниот, односно од Ново Лисиче автобусот ќе тргнува во 11 часот, 12.20 часот, 13.40 часот, 15 часот, 16.20 часот, 17.40 часот, а од СЦ ‘Борис Трајковски’ ќе тргнува во 11.40 часот, 13 часот, 14.20 часот, 15.40 часот, 17 часот и 18.20 часот. Возниот ред на автобусот со број 200 (Дексион-СЦ ‘Борис Трајковски’), пак, е следнава линија и од Дексион автобус ќе има во 11.20 часот, 12.40 часот, 14 часот, 15.20 часот, 16.40 часот и 18 часот, а од СЦ ‘Борис Трајковски’ автобусот со број 200 ќе тргнува во 12 часот, 13.20 часот, 14.40 часот, 16 часот, 17.20 часот, 18.40 часот“, стои во соопштението на ЈСП.

Оттаму исто така информираат и за трасата на движење на двете приверемени линии или авобусот со број 100 ќе сообраќа по улицата Февруарски поход, булеварот В. С. – Бато, булеварот Јане Сандански, булеварот К. Ј. – Питу, булеварот Кочо Рацин, улицата 11 Октомври, улицата Димитрие Чуповски, булеварот Св. Климент Охридски, булеварот Партизански одреди, улицата Бледски договор, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса. Додека трасата на движење на автобусот со број 200 ќе се одвива по улица Црногорска, улицата Кузман Шапкарев, улицата Ѓорче Петров, булеварот Партизански одреди, улицата Бледски договор, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.

Спонзорирано: