15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Почнаа “потресните” статуси на истакнати вмровци: За Македонја и ВМРО никогаш немало лесни времиња, напиша Влатко Ѓорчев

Високиот функционер на ВМРО ДПМНЕ и пратеник Влатко Ѓорчев преку социјалната мрежа Твитер даде поддршка за актуелното раководство на партијата.

Ѓорчев во текстот објавен на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, а проследен со заедничка фотографија вели дека За Македонија и ВМРО никогаш немало лесни времиња.

„Поддршка за претседателот @MickoskiHM , за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. За Македонија и ВМРО никогаш немало лесни времиња. Напротив, тоа е тешко бреме, но каузата е благородна, а ја носат храбрите, упорните и силните. Заедно продолжуваме понатаму, Македонија ќе победи“, порача Ѓорчев.

Претходно со слична порака излезе и Антонио Милошоски која Centar.mk ја објави интегрално.

Спонзорирано: