3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

НАТО верува дека Русија го крши договорот за нуклеарно оружје

Членките на НАТО веруваат дека Русија го крши клучниот договор за контрола на нуклеарното оружје и дека алијансата во повеќе наврати се обидела да добие информации за новиот руски ракетен систем, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лундеску.

Таа рече дека во отсуство на веродостоен одговор од Русија за новите ракети, сојузниците веруваат дека најверојатно Русија го крши договорот.

Таа не ги искоментира заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека неговата земја ќе се повлече од договорот наведувајќи само дека сојузниците ќе продолжат со консултациите.

НАТО лани изрази загриженост дека рускиот систем 9М729, кој може да носи нуклеарни боеви глави, го крши договорот за нуклеарните сили со среден дострел од 1987 година.

Спонзорирано: