23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Најнова вест од ЦК на ДПМНЕ: Мицкоски останува лидер – категорично отфрлен нов конгрес

На централниот комитет кој започна околу 19 часот во зградата на ВМРО ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски добил поддршка за да продолжи со претседателствувањето на партијата.

Присутните функционери категорични ја отфрлиле потребата од вонреден конгрес, брифираат од партијата.

Според информациите на Centar.mk се очекува прес конференција во ВМРО ДПМНЕ во секој момент.

Како што веќе објави Centar.mk според неофицијални информации на вечерашниот состанок во ВМРО ДПМНЕ од сите функции во партијата е разрешен градоначалникот на Кавадарци – Митко Јанчев, за што очекуваме потврда.

Претходно ВМРО ДПМНЕ ги исклучи и седумте пратеници кои гласаа за уставни промени во Собранието во петокот.

Спонзорирано: