23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Франција се надева дека дискусиите во Парламентот ќе завршат со ревизија на Уставот

Франција се надева дека дискусиите во Парламентот ќе доведат до ревизија на Уставот, изјави портпаролот на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил, пренесе Амбасадата на Франција во земјава.

Таа во изјавата потсетува на пораката на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој минатиот месец оцени дека преспанскиот договор е добар за земјата, за регионот и за Европа.

„Франција со задоволство констатира дека гласањето на 19 октомври во Парламентот на Поранешната Југословенска Република Македонија го имаше потребното двотретинско мнозинство, за отпочнување на делот за разгледување на уставните амандмани, наменети за спроведување на преспанскиот договор, склучен на 17 јуни помеѓу Атина и Скопје“, заклучи Ањес фон дер Мил.

Спонзорирано: