7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев на заедничката прес-конференција со заменик помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, кој денеска престојува во посета на земјава.

„Средбата со Палмер дојде во важен момент за Македонија, само неколку дена по исчекорот кон индината. Одлуката на 80 пратеници има историско значење. Оваа одлука ја потврди евроатланската определба на Македонија. Храбрите пратеници го спречија ризикот од нова изолација која ќе беше страшна овој пат“, изјави Заев.

Премиерот додаде дека вредностите на тие сојузи се и наши вредности. Сите наши сојузници, како што рече, ја покажале државничката одговорност на пратениците.

„Одлуката е поттик за отварање нова страница – испишување страници со помирување. Граѓаните на Македонија влегуваат во период кога се обедените за стратешка иднина“, рече Заев.

Палмер претходно денеска оствари средба со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, а се сретна и со лидерите на политичките партии од албанскиот блок во земјава.

Спонзорирано: