3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Метеоролозите најавуваат нов пресврт со времето: Што ќе се случува следните денови?

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, а температурата ќе се движи до 23 степени, соопштија од УХМР.

Во Скопје времето исто така ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд, со температура до 18 степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо и постудено со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со услови за снег, особено в среда. Пообилни врнежи се очекуваат в понеделник. Повремено ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури позначително ќе опаднат.