Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честита на премиерот Зоран Заев за гласањето со двотретинско мнозинство во Собранието за потребата од уставни измени кои произлегуваат од преспанскиот договор.
„Честитки пријателе, Зоран Заев! Вечерашното гласање е важен чекор кон нашиот заднички успех. Важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите граѓани“, напиша Ципрас на „Твитер“.
Спонзорирано: