14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се огласи Али Ахмети – тој упати една порака до пратениците од опозицијата кои вчера не го поддржаа гласањето

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изрази благодарност до пратениците кои соноќа гласаа за уставните измени. Тој преку соопштение се осврна и на оние пратеници кои не ги поддржаа измените и ги повика да се приклучат во понатамошните постапки за заокружувањето на овој процес.

„Ние сме избрани да носиме храбри и важни одлуки, а не да калкулираме за следните избори и следниот мандат. Тие 80 – те пратеници што гласаа за, но и тие кои што се воздржаа од гласање, знаат многу добро дека само овој пат ни носи стабилен мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи, системски реформи, правна држава и владеење на правото, еднаквост и заокружување на Охридскиот Договор, економски развој, повеќе работни места , странски и домашни инвестиции и општествена благосостојба“, вели Ахмети.

Претседателот на ДУИ ја повика опозицијата да застане на исправната страна на прогресот и евроатланската определба без задоцнување и понатамошни калкулации.

„Одмор нема. Уште од денес продолжуваме со работа за да го заокружиме овој процес“, порача Ахмети и додаде дека „заедно сме посилни“.

Спонзорирано: