17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бачев: Вчерашното гласање беше против волјата на народот искажана на референдумот

Власта синоќа влезе во опасна авантура да оди против волјата на својот народ искажана на референдумот на 30 септември, изјави на денешната прес конференција Јанко Бачев од партијата „Единствена Македонија“

„Македонскиот народ и поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија на 30 септември јасно порачаа дека не сакаат членство во НАТО и не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традициијата на македонскиот народ“, изјави Бачев.

Тој рече дека партијата „Единствена Македонија“ во соопштението до јавноста од 2 октомври, предупредила дека се во игра по 2 милиони евра по пратеник.

„За жал, поткупот синоќа се потврди. На Зоран Заев устата му е полна со евроатлански интеграции, Европа на владеењето на правото, Европа на почитување на правната држава. Каква е таа Европа во која се даваат по 2 милиони евра на пратеник за гласање за предавство спрема својата татковина или одење во затвор ако не се гласа по нарачка на власта.

Каква е таа Европа во која платеници – терористи се пуштаат од притвор да гласаат, нели власта на Заев се до вчера ги нарекуваше терористи тројцата пратеници кои синоќа не издржаа и гласаа против македонскиот народ и македонската држава.

Каква е таа Европа во која Зоран Заев и врхушката на власт сакаат во НАТО и ЕУ само за да си го заштитат украденото од народот оти НАТО им го гарантира грабежот на народниот имот кој секојдневно го вршат Заев и неговото криминално друштво во власта. НАТО не го интересира грабежот, туку сака само послушни политичари кои му служат верно“, рече Бачев.

Спонзорирано: