10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Милошоски бара веднаш да гласаат: Волјата на народот е посилна од притисокот врз неколку пратеници

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на продолжението на седницата за уставните измени на прес-конференција побараа од претседателот на Собранието, Талат Џафери, веднаш да почне гласањето за измените.

„Поминаа 19 дена од неуспешниот референдум на кој народот се изјасни дека нема одлука која дава мандат за уставни измени. Власта го одолговлекува гласањето затоа што се свесни дека за пратениците е поважна волјата на народот од притисците. Бараме Талат Џафери да ја стави точката на гласање и власта да види дека нема двотретинско мнозинство за уставните измени“, порача пратеникот Антонијо Милошоски.

Тој додаде дека ќе гласаат согласно волјата на народот, која, како што рече, е посилна од притисокот врз неколку пратеници.

На прес-конференцијата не беа присутни сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Спонзорирано: