3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Два бомбашки напади за една ноќ на територијата на Подгорица

Полицијата во Подгорица работи на расветлување на два бомбашки напади што се случија во текот ноќта на 15 октомври на територијата на главниот град на Црна Гора, пишува „Дан“.

Експлозиите одекнале пред куќите на Виктор Бериша и Вук Брајовиќ. Двата случаи биле пријавени во полиција од страна на граѓаните.

За време на детонацијата, за среќа, немаше повреди, но беше предизвикана материјална штета.

Во текот на ноќта помеѓу 15 и 16 октомври во куќата на Бериша беше фрлена експлозивна направа, по што тој ја повика полицијата. Од силната детонација, била оштетена едната страна на фасадата на куќата, како и неговиот автомобилот, кој бил паркиран во дворот. Истражителите најдоа делови од рачна граната на терен.

По неколку часа, детонација се чула и во дворот на Брајовиќ. Утврдено е дека станува збор за импровизирана експлозивна направа, која исто така предизвикала материјална штета.

Основниот државен обвинител во Подгорица започнал истраги за двата бомбашки напади.

Во текот на 2017 година се регистрирани 37 кривични дела извршени со активирање експлозивни направи, а поттикнување на пожар е забележано дури во 119 случаи.

Спонзорирано: