17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Спасовски: Со организиран систем сe бориме против нелегалната трговија со оружје


Свесни сме за фактот дека употребата и достапноста на нелегалното оружје директно негативно влијае не само врз општите трендови во разните области од криминалот, туку и може директно да влијае врз дестабилизација на самите општества, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање на состанокот на локалните групи за координација за недозволена трговија со оружје на земјите од Западен Балкан што се одржа во Скопје.

Спасовски додаде дека во изминативе години Република Македонија се фокусирала на градење на интегриран, системски пристап кон борбата против нелегалната трговија со оружје и експлозивни материјали во сите негови аспекти – едукативен, организациски и легислативен.

„Во изминатиот период Министерството за внатрешни работи како институција во чијашто законска надлежност е справувањето со оваа проблематика, направи многу во стандардизацијата и имплементацијата на нормите, иницијативите, препораките по однос на воспоставувањето на квалитетни и ефикасни рамки за превенција, контрола, но и откривање на нелегалната трговија со мало и лесно оружје, муниција, експлозивни материи, градејќи кредибилен, одржлив и интегриран национален концепт на дејствување. Со цел унапредување на политиките и стандардите во оваа област, ние подготвивме и нова Национална стратегија за контрола на мало и лесно оружје која соодветно ги детерминира и дефинира новите трендови и предизвици, но и правците, односно приоритетите за дејствување, притоа креирајќи еден координиран систем на меѓуинституционално дејствување на сите релевантни чинители, вклучително и граѓанскиот сектор, што ќе треба квалитетно, функционално и ефикасно да одговорат на сите зацртани задачи“, рече Спасовски.

Министерот воедно ја потенцира нужната заедничка соработка која, како што рече, треба да ја даде суштинската логистика во успешната контрола на малото и лесно оружје и спречување на нелегалната трговија со истото.

Спонзорирано: