4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп ја нарече Сторми Даниелс „коњско лице“

Федералниот суд во Лос Анџелес ја отфрли тужба за клевета поднесена од страна на Даниелс против претседателот. Судијата пресуди дека претседателскиот твит за кој Даниелс изјави дека е клевета всушност е право на претседателот на слободен говор загарантирано со Првиот амандман на Уставот на САД.

Претседател на САД, Доналд Трамп, на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“, кој медимуите ја претставуваат како негова омилен платформа за комуникација со јавноста, порноактерката Сторми Даниелс ја нарекол „коњска фаца“. Даниелс деновиве стана актуелна во медиумите откако ја објави веста дека била во врска со Трамп.

„Сега можам да го нападам ‘коњското лице’ (Horseface) и нејзиниот адвокат со трето одделение”, напиша Трамп од Белата куќа.

Даниелс тврди дека имала сексуална врска со Трамп во 2006 година, кога неговата сопруга, Меланија, го родила нивниот син.

Сторми Даниелс веднаш одговори на твитот на Трамп.

„Дами и господа, ви го претставувам вашиот претседател”, напиша таа и го обвини дека „повторно” ја покажал „својата некомпетентност, неговата омраза кон жените и неговата неспособност да се контролира.”