13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Oсмани: Ги утврдуваме инвестициските приоритети

Заменик претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, Бујар Османи, во улога на НИПАК координатор на странската помош во земјата, претседаваше со подготвителниот состанок на Националниот Инвестициски Комитет, на кој беа разгледани приоритетните листи на инвестициски проекти за финансирање од страна на големите донатори.

На состанокот беа презентаирани секторски листи на проекти за транспорт, енергетика како приоритетни во рамки на Агендата за поврзување или т.н. Конективити агенда, но исто така и листите за животна средина социјала и новиот сектор за дигитално поврзување.

„Имаме исклучителен успех при обезбедувањето средства во рамки на Конективити агендата, за што голем број проекти се веќе во активна фаза, но мора да се фокусираме и на останатите, и до 30 ноември, да ја подготвиме приоритетната листа која ќе ја претставиме пред донаторите и меѓународните финансиски институции“, истакна Османи на почетокот од средбата, отворајќи ја дискусијата за надлежните ресори кои ги претставуваа приоритетните проекти во рамките на нивните надлежности. Османи посочи на секторите енергетика, транспорт и животна средина како клучни области во рамките на Конективити агендата, кои заедно со областа на социјалата засега бројат околу 100 проекти кои се наоѓаат на приоритетната листа.

Во рамките на листата се наоѓаат проекти како реконструкцијата на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, проектот за подготовка на автопатското решение во делот Кичево – Гостивар, автопатот Скопје – Блаци, и многу други проекти.

Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF) официјално беше отворен во 2009 година, како заедничка иницијатива на Европската комисија, Советот на Европската развојна банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и подоцна приклучените Светска Банка и Германската развојна банка (KfW), одобрена од страна на Европскиот совет. Република Македонија преку овој инструмент досега има обезбедено грантови од вкупен износ од над 112 милиони евра за развојни проекти, а во иднина се очекува зголемување на приливот на донации преку истиот.

Спонзорирано: