13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Ќе сторам сè за договор за брегзит, но до тоа има уште многу

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вети дека ќе направи сè што може за да помогне Европската Унија да постигне договор за брегзит со Британија, но истакна дека двете страни сè уште не стигнале до таа точка.

„Сакаме добри односи со Британија“, изјавила Меркел пристигнувајќи вечерва на самитот на лидерите на ЕУ, на кој британската премиерка, Тереза Меј, треба да им се обрати на лидерите на Унијата за своите планови поврзани за брегзит, пренесе „Ројтерс“.

Британската премиерка и лидерите на ЕУ ќе се обидат на самитот во Брисел да ги спасат разговорите за договорен развод бидејќи досегашните преговори завршија неуспешно. Претставниците на ЕУ велат дека договор и натаму е можен, но се подготвени и за сценарио во кое ќе нема договор.

Спонзорирано: