3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон од Брисел: Доаѓам со порака за доверба и итност

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва изјави дека на разговорите за брегзит доаѓа со две пораки: порака за доверба и итност.

„Довербата е тука бидејќи постигнавме напредок во преговорите, сè уште не сме стигнале до крајот и сега е момент кога треба да се донесе одлука. Што се однесува на итноста, мислам дека е важно да се најде договор за повлекување за да можеме да размислиме за иднината на односите“, порача Макрон по доаѓањето на самитот на ЕУ во Брисел.

Британската премиерка и лидерите на ЕУ ќе се обидат на самитот во Брисел да ги спасат разговорите за договорен развод бидејќи досегашните преговори завршија неуспешно. Претставниците на ЕУ велат дека договор и натаму е можен, но се подготвени и за сценарио во кое ќе нема договор.

Спонзорирано: