10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

ВМРО-ДПМНЕ: Николоски во Брисел еден од клучните говорници на конференцијата на ЕПП – ЕУ и Западен Балкан

Европската Народна Партија организира конференција на високо ниво насловена „ЕУ – Западен Балкан како заедно да ја изградиме нашата заедничка иднина?“. Конференцијата ќе се одржи денеска во Европскиот парламент во Брисел, а нејзината цел е да се истакне преку две панел дискусија поддршката на евро интеграциските процеси во регионот.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е поканет да се обрати како еден од клучните говорници, информираат од неговата партија.

Во соопштението по повод настанот од ЕПП стои дека некој може да биде „за“ или „против“ на политиките за проширување на ЕУ, но никој не треба да го игнорира тоа дека регионот се следи со апетит од други големи сили. Во реалноста, меката моќ на Европската Унија веќе се натпреварува со надворешно политичко влијание, странски инвестиции и дури и различни културни и општествени модели. Во соопштението се вели и дека Европската Народна Партија ќе продолжи целосно да ги поддржува шесте земји, нивните институции и граѓаните преку процеси на демократизација и модернизација на патот кон членството во ЕУ, а главните пораки од конференцијата според соопштението се поддршката на политичкиот дијалог помеѓу Европската Народна Партија и земјите од регионот, проценувајќи ја секоја држава на индивидуално ниво според нејзините заслуги, како и инсистирањето на реформите во областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и билатералната соработка, ваквите пораки кои ЕПП ги навела во своето соопштение денеска преку соопштение и пренесе и ВРМО-ДПМНЕ.

Конференцијата ќе биде отворена од Претседателот на групата на ЕПП во Европскиот Парламент, Манфред Вебер, и ќе се одржат два панели – „Зголемувањето на прекуграничната соработка и справување со безбедносните прашања“ и „Зајакнување на социјал економскиот развој преку регионално вмрежување и дигитална економија“ првиот ќе биде модериран од страна на Елмар Брок, а втората ќе биде модериран од Едвард Кукан.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски се очекува да има и бројни билатерални средби на маргините на Конференцијата, информираа преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: