8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Костадинов: Времето тече, ВМРО-ДПМНЕ да се изјасни дали е за ЕУ и НАТО

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ја блокираат иднината и евро-атланската перспектива на Република Македонија, порача пратеникот Костадин Костадинов од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Времето истекува, сега пратениците на ВМРО-ДПМНЕ многу бргу треба да се изјаснат дали се за ЕУ или НАТО или не? Доколку ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја блокира иднината, секој пратеник треба да се издигне на висина на овој историски момент и да гласа за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, за подобар живот за сите граѓани. Ако тоа не се случи, одиме на предвремени парламентарни избори. Гласот на мнозинството граѓани ќе одлучи за иднината во ЕУ и НАТО“, рече Костадинов.

Пратеникот од редовите на владејачката партија додаде дека Христијан Мицкоски нема да може да побегне од волјата на граѓаните, кои се јасно определени за напредок, за членство во ЕУ и НАТО со зајакнат идентитет.

Спонзорирано: