17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Еди Рама ги затвора казината и обложувалниците во Албанија

Со новата година ќе „умрат казината, обложувалниците, како и онлајн обложувањата“ напиша албанскиот премиер, Еди Рама, и ја потврди својата претходна најава за затворање на обложувалниците.

На 1 јануари 2019 година ќе бидат затворени сите спортски обложувалници во Албанија, е одлуката на Владата во Тирана, која веќе ги подготви измените и дополнувањата на Законот за игри на среќа во оваа земја.

Ќе бидат затворени сите електронски казина, кои сега ги има низ главните улици во градовите во Албанија. Казината ќе биде достапни само во хотели низ земјата со пет ѕвездички, кои се наоѓаат надвор од урбаните области, пренесува „Ал Џезира Балканс“.

Рама испрати порака до членовите на собраниската Комисија за економија во која се наведува дека обложувалниците ќе бидат затворени на 31 декември и ќе нема „онлајн монопол”.

„Почнаа да пристигнуваат стотици пораки на мобилениот телефон против затворањето на обложувалниците! Ова е оркестрирано од затворите и од оние кои се кријат зад компанијата, па не паничете и не слушајте клевети за ‘онлајн монопол’ бидејќи нема да има никаков монопол”, изјавил Рама, а неговата изјава ја пренесува албанскиот „Топ-канал“.

Спонзорирано: