9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Земјотрес на Халкидики, почувствуван и во Солун

На грчкиот полуостров Халкидики во северна Грција околу пладне е забележан земјотрес со јачина од четири степени според Рихтер.

Како што пренесува грчката агенција АНА, според податоците на сеизмолошката станица на Аристотелскиот универзитет во Солун, епицентарот на потресот бил на 10 километри западно и северозападно од градот Арна.

Се наведува дека земјотресот бил на мала длабочина и дека се почувствувал во близината на Солун.