13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во Скопје доаѓаат најдобрите маркетинг-говорници

По седми пат во Скопје ќе се соберат најдобрите маркетинг-говорници за да ги споделат најновите трендови и предвидувања во дигиталните комуникации. На сцената на AllWeb, конференцијата за дигитални комуникации, покрај веќе најавените ќе застанат и Роџер Едвардс, домаќинот на популарниот поткаст Маркетинг и финансии, Недим Шабич – експерт за оптимизација на интернет-пребарувачи, и Горјан Јовановски од Booking.com.

Централната тема на конференцијата е дигитална трансформација, но организаторите најавуваат презентации и дискусии и за иднината на (социјалните) медиуми и за други актуелни теми од светот на маркетингот и онлајн комуникацијата.

„По успешното трето издание на AllWeb во Тирана, Албанија, среќни сме да најавиме уште тројца говорници на годинешната конференција во Скопје, што ќе се одржи на 16 ноември“- вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb. „Веруваме дека секој од нив, со презентација во своето поле на интерес и експертиза, ќе придонесе програмата да биде уште поквалитетна и поинтересна за посетителите“- додава тој.

Билетите за конференцијата се веќе во продажба преку allweb.mk. Поради големиот интерес, рокот за купување на Early Bird билетите, кои се со 50 евра пониска цена од регуларните, е продолжен за дополнителни пет дена и истекува на 19 октомври.

Организаторите досега го потврдија учеството на Мет Десмајер – директор на компанијата за стратешки комуникации Wise Old Uncle, Драган Варагиќ – консултант за дигитална трансформација и автор на книгата „Дигитален пре-маркетинг“, и Владимир Тошиќ- менаџер за дигитални комуникации во „Кока-Кола“ за југоисточна Европа. Но, нема да застанат тука. Во наредниот период ќе бидат објавени имињата и на останатите говорници.
Сите информации за содржината на конференцијата и говорниците редовно се дополнуваат на allweb.mk.

Спонзорирано: