10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Сеул: Папата Франциско планира на пролет да ја посети Северна Кореја

Претседателот на владејачката јужнокорејска Демократска партија, Ли Хе-чан, изјави дека слушнал оти папата Франциско се надева да ја посети Северна Кореја на пролeт следната година, пренесе јужнокорејската агенција „Јонхап“.

Како што се наведува, Ли тоа го рекол на состанок на челниците на партијата, не наведувајќи ги изворите.

Во меѓувреме, јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, порача дека севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, е искрен и навистина сака да се откаже од нуклеарното оружје, за што, како што истакна, меѓународната заедница треба да го награди.

Пјонгјанг оваа година ги откажа нуклеарните и ракетни тестирања.

Спонзорирано: