13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министрите на ЕУ во Луксембург ќе разговараат за референдумот во Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска ќе се состанат во Луксембург на седница на Советот за надворешни работи на ЕУ.

На дневен ред ќе се најде актуелната состојба во регионот, меѓународните односи, вклучувајќи ги и резултатите од 73. Генерално собрание на Обединетите нации, неведува агенцијата „АНА“.

Министрите, исто така, ќе разговараат и за ситуацијата во Македонија по референдумот што неодамна се одржа, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7 октомври.

На дневен ред ќе се најде и миграцијата и ситуацијата во Либија.

Агенцијата ТАСС претходно објави, повикувајќи се на шефот на Комитетот за надворешни работи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, дека министрите официјално ќе ги санкционираат новите санкции за Русија за наводно користење хемиско оружје.

Спонзорирано: