11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Исповед: Му бев љубовница, а потоа неговата сопруга ја породив во болница

Жените кои ќе се одлучат да бидат некому љубовница, најверојатно знаат дека на крајот ќе бидат оставени. Сепак, се случува и тој вид на болна врска да стане вистински краток роман…

– Со години бев во врска со едно момче и кога раскинавме, продолживме да се гледаме. Беше моја голема љубов, како и јас негова, но едноставно не можевме да продолжиме поради некои други причини.

Нашето гледање траеше и откако тој започна врска со неговата сегашна сопруга, а се се заврши кога таа остана бремена. Јас, инаку сум акушерка по професија, а таа случајно дојде да се породи баш кога јас бев на работа.

Имаше долго породување, десет часа, а јас бев цело време со неа и ја гледав како најдобра пријателка. Никогаш нема да го заборавам моментот кога го видов тоа мало суштество, и кога излегов во ходникот да му честитам на среќниот татко.

Тој плачеше, веројатно од среќа, а јас затоа што требаше да бидам на нејзино место.

Спонзорирано: