19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

3 000 затвореници биле евакуирани поради ураганот Мајкл

Официјални претставници на Флорида евакуираа речиси 3 000 затвореници по ударот на ураганот Мајкл.

Затворениците биле евакуирани бидејќи поради налетот на ураганот два затвори биле оштетени.

Во двата затвори целосно оштетени се покривите. Покрај покривите, уништена е и дел од инфраструктурата што е важна за безбедноста на овие објекти.

Ураганот Мајкл, од четврта категорија, уништи сè пред себе – згради, домови, деловни објекти, а оштетена е и инфраструктурата. Ураганот донел ветер со брзина од 250 километри на час.

Бројот на жртви во ураганот Мајкл се искачи на 12, а последиците од силното невреме освен во југозападниот дел на Флорида, се чувствуваат и во Вирџинија.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани, а се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Некои од најзагрозените подрачја допрва треба да го соопштат бројот на жртвите.

Спонзорирано: