13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Жена загина по пад од балкон на 27. кат во обид да направи селфи фотографија

Сандра Мануела Да Коста Мачедо (27) починала како последица на пад од балкон на 27. кат од зграда во Панама Сити. Нејзиниот пад од зградата „Луксор Тауер“ бил снимен од работници кои работеле на зграда во билизина, пишува италијанскот весник „Кориере дела сера“.

Мечедо која била учителка и мајка на две деца, седеала на оградата на балконот затоа што сакала да направи селфи фотографија со помош на стап за издолжување, но притоа загубила рамнотежа и паднала од балконот. Работниците веднаш повикале брза помош, но за жената немало спас. Теоријата на полицијата, засега, е дека Португалката загубила рамнотежата, бидејќи почнал да дува силен ветер.

На снимката што се прошири на интернет, се гледа жена која седи на оградата свртена со грб и изгледа како во еден момент да сака да се задржи за оградата, по што следи нејзиниот пад. И додека паѓа, таа во раката го држи стапот за селфи фотографии. На видеото се слуша и глас на работник кој вели дека жената е луда што седи на ограда толку високо, а потоа панично почнува да вика дека жената паѓа.

Според една неодамнешна студија, од 2011. до 2017. година, дури 259 лица загинале во обид да направат селфи фотографии на екстремни места, како високи карпи или железнички пруги.

Спонзорирано: