11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во две авганистански провинции Талибанците убија 22 војници и шеф на полицијата

Талибанските екстремисти убија најмалку 22 припадници на безбедносните сили во Авганистан, вклучувајќи го и шефот на регионалната полиција, во одделни напади врз безбедносните сили во две авганистански провинции, објавија денеска официјални претставници.

Нападите се случуваат во пресрет на парламентарните избори кои оваа недела треба да се одржат во земјата, а како што пренесе „Ројтерс“, Талибанците извршиле напади врз стратешки важни провинции, со цел да ги истераат странските сили, да ја уништат владата која ужива поддршка од Запад и да воспостават систем базиран на строгиот исламски закон.

Спонзорирано: