23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Николова: Пратениците да не ја игнорираат волјата на граѓаните и да ги поддржат уставните амандмани

Исправени сме пред мошне значајна, историска одлука за сите наши граѓани и нашата држава и сега е моментот на одговорност и делување, зошто не се знае дали некогаш воопшто ќе ја имаме оваа шанса, изјави денеска, Јулијана Николова, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

Таа рече дека Комисијата за уставни прашања ги поддржала уставните амандмани и додаде дека следен чекор е пратениците да ја донесат сопствената одлука.

„Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава. Сегa е моментот сите заедно, со заеднички сили да покажеме колку ни е грижа и колку и сакаме најдобро на нашата земја обезбедувајќи и светла иднина и членство во ЕУ и НАТО. Граѓаните го искажаа својот став, мнозинството ја даде својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО“, истакна Николова во својата изјава.

Нагласи дека пратениците како претставници на граѓаните, треба да ја послушаат нивната волја и да ги поддржат уставните амандмани.

„Се докажа дека со нив не се губи ништо туку напротив, се гарантира идентитетот, неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста. Како пратеници имаме должност и одговорност за донесувањето на оваа сериозна одлука. Никој нека не се надева на амнестија. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдоглаво ја турка Македонија во бездна, решението се предврмени избори, веднаш“, порача Николова.

Спонзорирано: