15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ураганот Лесли ја погоди Португалија, десетици илјади луѓе останаа без струја

При налетот на ураганот Лесли во Португалија, 27 лица се повредени, а 60 беа принудени да се евакуираат. Поради лошите временски услови, десетици илјади луѓе останаа без електрична енергија.

Ураганот ја погоди Португалија кон крајот на минатата ноќ. Повредените не се во животна опасност, соопшти претставник на Националната агенција за заштита, а пренесе АП.

Лесли од ураган во прва категорија премина во пост-тропски циклон со ветришта кои дуваат со брзина од 110 километри на час.

Сепак, државната телевизија РТП објави дека ветровите достигнуваат брзина и до 170 километри на час во приморскиот град Фигуеира да Фоз, кој се наоѓа 200 километри северно од Лисабон.

Метеоролошката служба на Португалија издаде црвен аларм за силни ветрови и опасни временски услови во 13 од 18 области на копното.

Спонзорирано: