7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тригодишно дете од Битола тешко повредено откако во него удрило комбе

На битолската улица „7-ми Јули“, во текот на вчерашниот ден, комбе удрило и тешко повредило тригодишно девојче од Битола.

Како што информираат од МВР, комбето марка „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки и во сопственост на приватна фирма од Прилеп, било управувано од 38-годишник од прилепското село Селце.

Удреното девојче со тешки телесни повреди било пренесено во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: