11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Сѐ повеќе гладни поради климатските промени

Светската програма за храна на Обединетите нации предупредува дека климатските промени ќе имаат катастрофално влијание врз земјоделството и можноста на луѓето да се прехранат.

„Гласот на Америка“ пренесе дека хуманитарна организација предвидува оти ќе има огромен пораст на гладта ​​во светот, ако не се преземат чекори за да се забави глобалното затоплување.

Светската програма за храна (WFP) предупреди дека конфликтите во светот и природните катастрофи се закануваат да го загрозат напредокот кој е направен за намалување на гладта.

Се тврди дека првпат во последните неколку децении, бројот на луѓе погодени од хроничен недостиг од храна е зголемен, бидејќи годинава се регистрирани 821 милиони гладни луѓе, што е за 11 милиони повеќе од минатата.

„Гласот на Америка“ ги пренесе зборовите на шефот на Светската програма за храна, Жерно Лаганд, кој вели дека бројот на природни катастрофи е повеќе од двојно зголемен од почетокот на 90-тите години на минатиот век, и дека поради екстремните временски услови се повеќе луѓе се принудени да бегаат од своите домови, што доведува до зголемување на бројот на гладни.

Спонзорирано: