10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Павле Шести и Оскар Ромеро прогласени за светци

Илјадници луѓе се собраа во Ватикан, по повод канонизацијата на две истакнати личности од Католичката црква вo 20 век, папата Павле Шести и салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро, пренесе агенцијата АП.

Павле Шести е познат по тоа што, откако стана папа во 60-тите години на минатиот век, го воведе служењето литургии на народен наместо на латински јазик, ги подобри односите со луѓето од другите вери и ја воведе практиката папата да патува низ целиот свет.

Надбискупот Оскар Ромеро, важи за икона на движењето за човекови права, кој беше убиен поради тоа што ги бранел правата на сиромашното население во Салвадор.

Денес, папата Френциско ќе организира миса за прогласување на светците, облечен во појас натопен со крв што Ромеро го носел кога бил убиен во 1980 година, како и жезол, пехар и облека на папата Павле Шести, јави.

Спонзорирано: