13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

„Њујорк тајмс“: Зетот на Трамп со години не плаќал данок

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател, Доналд Трамп и висок советник во Белата куќа, плаќал многу низок или никаков федерален данок на доход во периодот меѓу 2009 и 2016 година, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на доверливи финансиски документи.

Овие документи се направени во соработка со Кушнер во рамки на проверката на неговите финансии од страна на финансиска институција која разгледувала дали да му позајми пари, објави весникот.

Се додава дека Кушнер користел даночни олеснувања поради амортизација на недвижен имот, што им овозможува на инвеститорите да ги одземат трошоците од оданочениот приход.

Ништо во документите не покажува дека Кушнер или неговата компанија го прекршиле законот, вели „Њујорк тајмс“.

Портпаролот на адвокатот на Кушнер за „Ројтерс“ изјави дека Кушнер редовно ги плаќал сите даноци во согласност со законот.

Во документите во кои имал увид американскиот весник, не се наведува колку точно Кушнер платил за данок, но се проценува колку треба да плати.

Спонзорирано: