7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Драма во хотел во Скопје: Барале снимки од безбедносната камера

Вистинска драма се одиграла синоќа во хотел во Скопје.

Во 01:.00 часот по полноќ три непознати лица влегле во хотел во Скопје и од вработената и сопственикот побарале да им биде прикажана снимката од безбедносната камера, за да видат кое возило удрило во нивното возило, кое било паркирано пред хотелот и го напуштило местото.

Сопственикот на хотелот на сопственикот на возилото му кажал дека нема можност во текот на ноќта да ги провери снимките и дека ќе мора тоа да го направи преку ден.

Сопственикот на возилото се согласил, но едно од другите две лица извадило нож и се обидело да го нападне сопственикот на хотелот.

Во намерата бил спречен од другите две лица, по што сите заедно заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: