9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Волјата на граѓаните е јасна, ВМРО-ДПМНЕ треба да преземе одговорност

Уставните измени доставени во Собранието на Република Македонија се клучен чекор за спроведување на преспанскиот Договор којшто обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со македонски идентитет признаен од целиот свет, велат од СДСМ како реакција на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Од валдејачката партија потенцираат дека со уставните измени се зајакнува македонскиот идентитет, се унапредува грижата за дијаспората и Македонците кои живеат во соседните земји и во светот, се гарантираат границите и територијалниот интегритет, а со повикување на конститутивните одлуки од АСНОМ и се зацврстува историскиот континиутет на државноста.

„Волјата на граѓаните е јасна. Над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО. Сите пратеници, а особено оние на ВМРО-ДПМНЕ треба да преземат одговорност, наместо интересите на раководството на партијата за амнестија, на прво место да ги стават врвните државни интереси а тоа се интеграцијата и полноправното членство во ЕУ и НАТО“, стои во партиското соопштение.

Спонзорирано: