Стоиљковиќ: Собранието да донесе одлука со која референдумот ќе го стави надвор од сила

Референдумот имплицира почитување на волјата на граѓаните, а ние во Собранието водиме сметка за почитуваење на Уставот и законите.

Не е исполнет еден од двата кумулативни услова на референдумот, па препорачувам, наместо да се повикувате на референдумот, треба да се размислува Собранието да иницира донесување одлука која референдумот ќе го стави надвор од сила, порача Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите, повикувајќи се на тезите на професорот по меѓународно право, Тони Дескоски, дека грчката страна може да не го почитува договорот поради неуспешниот референдум. (Макфакс)