Пожар во Лисиче, горат десетина автомобили

Во скопската населба Лисиче во нива, на која има само сува трева избувна пожар. На местото каде избувна пожарот излегоа екипи на противпожарната бригада кои се обидуваат да стават крај на огнената стихија.

Причините за пожарот засега се непознати, а во пожарот покрај сувата нива горат и десетина стари автомобили кои биле паркирани во близина.

Пламените јазици претставуваат закана и за околните куќи во населбата. (makfax)