8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Од понеделник топли радијатори – почнува грејната сезона

Граѓаните и правните субјекти во Скопје, кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од понеделник, 15 октомври 2018 година, ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сè до 15 април 2019 до кога трае регулираниот период за редовна испорака, информираат од „БЕГ снабдување“.

„Во рамките на овој период испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната комисија за енергетика“, соопшти компанијата.

Годинава, во споредба со лани, бројот на нови потрошувачи е зголемен.

„За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија – Прилог 3) или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачите на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk“, се додава во соопштението.