20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Москва упати најава за „цврст и решителен“ одговор по одлуката на Вселенската Патријаршија

Руската православна црква цврсто реагираше на одлуката на Вселенската Патријаршија да ја продолжи постапката за доделување на автокефалност на Украинската православна црква.

РПЦ најава „цврст и решителен” одговор.

Синод на Вселенската Патријаршија одлучи, меѓу другото, на вчерашното завршно тридневно задесавање во Истанбул, да ја повлече својата одлука од 1686 година во која Киевскиот митрополиј е ставен под јурисдикција на Московската Патријаршија.

Портпаролот на Московскиот Патријарх и на цела Русија, Кирил изјави синоќа дека потезите на Вселенската патријаршија во врска со украинскиот црква се „експлицитни и агресивни мешања” во внатрешните работи на други цркви, пренесе ТАСС.

„Во поновата историја немало пресдан на Вселенската Патријаршија толку отворено и категорично да се меша во прашањата со другите православни цркви”, рече портпаролот на Кирил, Александар Волков.

Претседателот на оделот за надворешни работи на РПЦ, Митрополитот Иларион, оценува дека одлуката на Светиот Синод на Цариградската Патријаршија е нелегално и го поткопува единството во православниот свет.

Спонзорирано: