15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Милицијата ги решавала работите веднаш, здравството било бесплатно… и уште причини зошто некогаш било подобро

Додека некои ни малку не жалат за Југославија, други наоѓаат низа причини поради кои тврдат дека животот во бившата држава бил подобар. Ви донесуваме листа од неколку причини зошто некогаш било подобро:

Пазар

Рационалните луѓе жалат за пазарот. Пазарот од 22 милиони луѓе дава повеќе прилики за заработка. Овозможува производство на поголеми серии производи со ниски конечни цени. Царините и другите препреки биле помали.

Денес имаме пазар од 550 милиони луѓе, но на пазарот во Унијата, ние сме меѓу најнеразвиените.

Социјални права

Здравството и школувањето биле бесплатни. Листите за чекање била пократки. Работното место било сигурно.

Милиција

Некои работи кои денешната полиција ги решава во рок од – никогаш, милицијата ги решавала во рок – веднаш. Не се грижеле премногу за човековите права, независни контроли и слично.

Контејнери

Никогаш ниту еден човек во СФРЈ не бил виден да копа по контејнери.

Натпревар помеѓу народите

Југославија била некој вид арена за бројни народи. Сите кои живееле во неа се натпреварувале со некои други. Тоа е секогаш добро, ако се одвива во фер услови.

Натпреварите на Ѕвезда и Динамо, Хајдук и Партизан, Хајдук и Ѕвезда биле „повеќе од игра“. Се играле пред преполни стадиони, секогаш во вжештена атмосфера.

Младински работни акции

Денес луѓето не сакаат да работат ниту кога се платени, а некогаш на работните акции низ Југославија работеле илјадници млади луѓе, на кои тоа им било единствено искуство.

Кинематографија

Југословенските филмови добивале награди во Венеција, Берлин, Кану, па дури и Оскар.

Надворешен долг

Југославија во 80-тите ги вклучила сите црвени аларми поради надворешен долг од 20 милијарди долари.

Треба да се има на ум дека денешните републики од бивша Југославија се должни преку 170 милијарди долари.

БДП

Бруто домашниот производ на поголем број држави од поранешна Југославија тапка во место.

Вработеност

Невработеноста била многу помала отколку денес.

Корупција

Имало неспоредливо помалку отколку денес.

Спонзорирано: