Ибраимовски: Каменос ќе гласа и оро ќе игра, дајте и ние да гласаме за уставните измени

Какви патриоти се тие, за Македонија душа дава, а во буџет рака става, запраша пратеникот од Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), Самка Ибраимовски, на деншното продолжение на комисиската расправа за уставните амандмани.

Тој порача дека ќе гласа за уставните измени и ги повика сите колеги пратеници добро да размислат пред да донесат одлука, потенцирајќи дека политичките пресметки треба да се остават на страна кога се работи за иднината на државата и членството во ЕУ и НАТО, и порача да престане поделбата на патриоти и предавници.

„Слушаме за Каменос немало да гласа во грчкиот парламент, тој ќе гласа и оро ќе игра, дајте за мир во куќа и ние да гласаме за уставните измени, за подобар живот на сите во Македонија“, рече Ибраимовски.(Makfax)